Косовската опозиција не се согласува да биде дел од дијалогот со Србија
Поканата на косовскиот премиер Иса Мустафа и опозицијата да се вклучи во дијалогот со Србија категорично го отфрлија двете опозициски политички партии, Движењето „Самоопределување“ и Алијансата за иднината на Косово.
Тие велат дека никако не прифаќаат да бидат дел од овие преговори.
Според нив, Србија најпрво треба да се услови со признавање на Косово, па дури потоа да се разговара.
Движењето „Самоопределување“ остро се спротивставува на поканата на премиерот, додавајќи дека „никогаш нема да прифатат ваква покана“.
- Овој дијалог без платформа и без начела нема поддршка од нас, бидејќи е дијалог што на земјата и причини непроценливи штети, изјави за РТВ 21 Доника Кадај-Бујупи, пратеничка од оваа партија.
Координаторот на парламентарната група на Алијансата за иднината на Косово Пал Лекај вели дека со овој формат, овој политички субјект, нема да прифати да се вклучи во дијалогот.
- Алијансата за иднината на Косово е против дијалог од овој вид формат и во никој случај нема да бидеме дел од дијалогот за да ги преземеме сите оние договори кои се постигати на штета на Косово. Сега, во самиот финиш, да ја преземеме вината за дијалогот и штетените договори за Косово е невозможно и на никој начин нема да учествуваме, изјави Лекај.
Премиерот Мустафа, освен опозицијата, најави дека ќе го покани и граѓанскиот сектор да учествува во дијалогот со Србија, оценувајќи дека само така дијалогот ќе биде подобар и потранспарентен.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари