Балкан
1. February 2017 - 18:13

Косовската опозиција бара оставка од Владата поради ѕидот во Косовска Митровица

Три косовски опозициски партии - Самоопределување, Алијанса за иднината на Косово и Иницијатива за Косово ја повикаа Владата во Приштина да поднесе оставка поради тоа што не ја испочитувала резолуцијата на Парламентот за укинување на ѕидот во северниот дел на Косовска Митровица.

Во заедничкото соопштение трите партии ја обвинуваат Владата дека го игнорира Парламентот на Косово, како и дека учествува во дијалогот со Белград без „какви било услови и целосно неподготвена“.