Косовската државна комисија ја поддржува демаркацијата на границата со Црна Гора
Косовската државна комисија за обележување и одржување на државната граница ги соопшти фактите, кои, според неа, ги отстрануваат сите дилеми во врска со демаркацијата на границата со Црна Гора.
- Нашата поддршка на договорот за демаркација на границата со Црна Гора се базира на законски, административни и картографски аргументи, со кои категорично ги демантираме сите претпоставки дека станува збор за нарушување на границите на Косово, се наведува во соопштението.
Во соопштенито исто така се додава дека не се точни тврдењата оти косовска земја останува на територијата на Црна Гора и оти во Црна Гора има земја која е ничија сопственост, а за која се претендира да му припадне на Косово.
И додека косовскиот државен врв и меѓународната заедница го повторуваат апелот дека демаркацијата треба да се ратификува, опозицијата и понатаму остро се спротивствува на тоа.
- Доколку на 1 септември се усвои актуелната верзија на Договорот за демаркација од страна на Парламентот, Косово ќе се најде на крстосница со многу непознати. Во никој случај не можеме да дозволиме за доброто на личните агенди да се загрози територијалниот интегритет на земјата, го соопшти својот став доцна синоќа опозицијата.
Антон Бериша од Алијансата за иднината Косово вели дека овој Договор очевидно го погодува територијалниот интегритет на државата и оти такво нешто не може да се толерира.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација