Бизнис
18. July 2018 - 19:37

Косово воведе повисока царина за македонските земјоделски производи

Косово ги зголеми царините и за македонските земјоделски производи. Во  наредните три месеци за 21 вид на овошје и зеленчук  кои од земјава ќе се извезуваат таму ќе се плаќа за 30 отсто повисока царина од  досегашната. Времената мерка стапува на сила од  денеска. Надлежните допрва ќе анализираат колкави би биле штетите од повисоката царина, па потоа ќе одлучувата дали ќе има контра мерки.

Косовскиот министер за регионален развој кој денеска  беше во посета на Македонија одбегна  да каже зошто макеоднските власти не биле навреме известени за ваквата мерка.  Само посочи дека таа се воведува за да го заштитат сопственото производство и дека  мерката не важи само за Македонија туку за сите земји.

И од министертвотот за земјодлество посочија дека одлуката на  Приштина не е во согласност со заедничките зацртани цели како што се брз проток на стоки и остранување на цариснки бариери. Дека работата на анализи и бргу ќе излезат со реакција за што ќе ги известат и сите други земји членки на Цефта. Реагираа и стопанствениците. За нив потегот на косовската Влада е неразумен.

Трговската размена меѓу Макеоднија и Косово лани изнесувала околу 230 милиони евра.