Косово воведе полициски час
По енормниот пораст на бројот на починати и новозаразени од Коид-19 во последните неколку недели, во Косово од утре стапуваат во сила новите мерки за спречување на ширењето на пандемијата, со кои, меѓу другото, по подолго време се воведува полициски час, односно забрана за движење на граѓаните од 22 до пет часот наутро, јави дописникот на МИА од Приштина.
Според одлуката донесена на денешната седница на косовската Влада, исто така се скратува работното време на угостителските објекти, кои наместо до 22.30, во нардиниот период ќе можат да работат до 21 часот и 30 минути, и тоа само на терасите и со користење на 70 отсто од капацитетите.
Кабинетот на Албин Курти попладнево одлучи и да го одложи почетокот на учебната година за основците и средношколците до 13 септември, а до наредната одлука на Владата остануваат во сила забраните за организирање свадби и други семејни веселби, како и ученички и студентски екскурзии и матурски вечери.
При влез во Косово потребно е да се приложи сертификат за вакцинација со една или две дози, негативен ПЦР-тест не постар од 72 часа, или серолошки тест не постар од 30 дена. Лицата кои не поседуваат еден од тие документи треба под заклетва да потпишат изјава за седумдневна самоизолација.
Во Косово последните недели се забележува видно зголемување на бројот на новозаразени, главно од новата варијанта делта на коронавирусот, така што само според денешниот 24-часовен извештај на здравствените власти, беа евидентирани рекордни 1.890 нови случаи, од извршени над 13 илјади тестирања. Вчера и ден претходно беа забележани по рекордни 18 смртни случаи на заболени од Ковид-19, а бројот на активни случаи изнесува речиси 26 илјади.
Ново на Сител
-
Министерот Тошковски во посета на ОВР Кичево и полициските одделенија Зајас и Осломеј
-
Украден сеф со пари од менувачница во Чаир
-
Две жени пријавиле семејно насилство, едната од сегашниот другата од поранешниот сопруг
-
МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите
-
Трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена двегодишната Данка издадени на вештачење
-
Виничанец починал во дворот на сограѓанин
-
Кривични пријави против три лица од Тетово за вршење јавен превоз без лиценца
-
Доживотен затвор за Усеин Р. кој со 42 убоди од нож ја уби Танкица Младеновска од Кочани