Балкан
8. December 2015 - 12:37

Косово: Уште еден напад врз Срби, Јахјага го осуди вчерашниот инцидент

Во местото Србобран, во косовската општина Исток, пукано е врз киоск во кој се наоѓале двајца Срби, потврди синоќа за Танјуг министерот за враќање и заедници во косовската Влада, Далибор Јевтиќ.

Тој рече дека во нападот немало повредени. Полицијата врши увид.

Србобран се наоѓа во близина од Ѓураковац, на патот Пеќ-Косовска Митровица.

Во меѓувреме, косовската претседателка Атифете Јахјага, го осуди вчерашниот оружен напад во селото Гораждевац, во Косово, и ги повика граѓаните да помогнат за негово расветлување.

- Го осудувам инцидентот во селото Гораждевац. Без оглед на мотивите на тоа дело, нагласувам дека нема да дозволиме такви инциденти да го нарушат подобрувањето на меѓуетничките односи во Косово. Косовската полиција и органите на редот се мобилизирани извршителите на ова дело да ги изведат пред лицето на правдата, се вели во реакцијата на претседателката на Косово.