-->
-->
Косово со договор со Албанија излегува од енергетскиот систем на Србија
-->
Косовските и албанските електродистрибутери КОСТТ и ОСТ потпишаа договор во Тирана за воспоставување заеднички енергетски систем кој ќе стави крај на децениската зависност на Косово од мрежата за електрична енергија во Србија, јавуваат косовските медиуми.
Договорот е потпишан со знаење на Европската мрежа на оператори на електропреносниот систем (ЕНТСО) и се очекува да стапи на сила во април 2020 година.
Официјален Белград сè уште нема коментар.
Извршниот директор на КОСТТ, Илир Шала рече дека со потпишувањето на договорот „Косово ќе се оттргне од Електромрежа на Србија (ЕМС) и ќе стане дел од ОСТ“.
– Ова е историски договор за Косово и КОСТТ, затоа што досега, како КОСТТ, ние бевме дел од регулаторниот блок на ЕМС (Србија, Црна Гора и Северна Македонија). Со потпишувањето на договорот и негово спроведување во април 2020 година, ние дефинитивно ќе се одвоиме од српскиот регулаторен простор и стануваме дел од регулаторниот блок со Албанија, рече Шала.
Генералниот директор на ОСТ Скерди Дренова рече дека договорот „создава поволни услови за оптимално користење на производните ресурси во рамките на блокот“, јавуваат косовските медиуми.
Србија и Косово потпишаа договор за управување со заедничката електро мрежа во 2015 година, но договорот никогаш не стапи во сила. Двете страни ја присвојуваат мрежата на Косово, изградена додека Косово беше дел од Србија
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Србија: Приведени четворица припадници на косовската полиција
-
СПМ: Пендаровски секогаш бара вина кај другите
-
Османи: Петмина косовски полицајци се држат во заложништво во Србија
-
Неделков: СОНК нема да дозволи исплата на плата спротивно на Колективниот договор за дејноста култура
-
Над 20 слаби земјотреси регистрирани во Турција
-
Герасимовски: Решен децениски проблем со безбедноста на сообраќајот на улицата ,,Наум Наумовски Борче"
-
Четврти ден штрајк на приватни специјализанти
-
Мицотакис: Да направиме сè што е во наши раце за смирување на кризата на Блискиот исток