Балкан
19. November 2015 - 11:02

Косово: Политичката сцена во Приштина на работ од граѓанска војна!

Приштинската политичка сцена е на чекор од граѓанска војна тврдат за Спутник албанските аналитичари, кои сметаат дека ова  е представа за меѓународната заедница убедени се Србите од Косово.

Бомби, судири со полицијата и опозицијата, солзавци и апсења…Приштинскиот парламент во последните месеци повеќе личи на воен полигон, отколку на демократска институција. Судирите на опозицијата и властите на Косово кулминираа по три месеци, но и апсење на пратениците на радикалната политичка опција “Самоопределување”, кои го предводат целиот процес. Дека ситуацијата е сериозна, докажува и циркуларното писмо кое кружи внатре во мисијата на меѓународните заедници упатено до вработените, во кое им се советува да избегнуваат мешање но и непотребно шетање по Приштина. Депешот со оваа содржина последен пат добија меѓународните структури на Косово на 17 март 2004 година.