Балкан
20. January 2018 - 15:10

Косово под полициска опсада - Вучиќ го посети место каде беше убиен Оливер Ивановиќ

Претседателот на Србија, Александар Вукиќ положи венец со цвеќе на местото на убиството на водачот на косовските Срби, Оливер Ивановиќ, за време на неговата посета на Косово.

Ивановиќ беше застрелан на почетокот од неделата, кога го напушти седиштето на неговото граѓанско движење „Слобода, демократија, правда“ во Косовска Митровица. Кратко по неговиот атентат, српскиот претседател објави дека планира да го посети северно Косово и да разговара со Србите што живеат во таа област.

Во меѓувреме, започна средбата меѓу Вучиќ и официјални лица од регионот.

Посетата на српскиот претседател се одржува под зголемени безбедносни мерки.