Балкан
17. February 2016 - 16:37

Косово одбележува осум години од прогласувањето на независноста

Во Косово денеска се одбележува осумата годишнина од прогласувањето на независноста, при што главната церемонија ќе се одржи на градскиот плоштад во Приштина. 

Истовремено, како што јави Танјуг, косовската опозиција денеска организира протести во Приштина, сакајќи да го искористи присуството на голем број граѓани со цел да создаде впечаток за масовно незадоволство од Владата на косвоскиот премиер Иса Мустафа.

Во оваа атмосфера одбележувањето на годишнината започна со изведување на химната на Косово од страна на воен оркестар.

Пред граѓаните собрани на плоштадот говореа коосвската претседателка Атифете Јахјага и премиерот Иса Мустафа, а потоа се одржа и воена парада на косовските сили за безбедност. 

Јахјага нагласи дека Косово е фактор за стабилност и земја на сите граѓани кои живеат во неа. 

Мустафа изјави дека интересите на граѓаните ќе ги брани токму Владата што тој ја предводи, што има легитимност да им служи на граѓаните, кои му дале доверба. 

Опозицијата. чиј митинг се одржува попладнево, сепак со месеци инсистира на оставка на Владата и идржување на предвремени парламентарни избори.

Центарот на Приштина денеска е украсен со знамиња на Косово и со билборди на кои на четири јазици, меѓу кои и на српски, пишува „Ден на независноста“.