Балкан
14. јуни 2017 - 18:34

Косово обвини деветмина мажи за наводно планирање на напад врз Израелци во Албанија

Косово обвини деветмина косовски граѓани дека планирале напад во Албанија врз израелскиот национален фудбалски тим и неговите навивачи, за време на натпреварот од квалификациите за Светското првенство во ноември минатата година. 

Косовската полиција минатата година уапси 19 лица, под сомнение дека се поврзани со вооружената група Исламска држава и планирале напад во Косово и Албанија. 

Поради безбедносни причини натпреварите за квалификациите, што беа закажани за 12 ноември, беа одиграни на стадион што се наоѓа блиску до Тирана, место во северниот град Скадар, како што првично беше планирано. 

Косовскиот државен обвинител изјави дека неколкумина од осомничените биле во контакт со Лавдрим Мухаџери, самопрогласениот „командат на Албанците во Сирија и Ирак“, од кого добивале наредби. 

Сириската полиција, како и неговото семејство, потврдија дека Мухаџери бил убиен во Сирија. 

ИД исто така планирала напад во Косово врз локалните и меѓународните институции и набавка на оружје, со средства добиени од Мухаџери, наведе обвинителот.