Косово: Нови 13 починати, 245 заболени и 133 излекувани од Ковид-19
Во Косово и во изминатите 24 часа продолжи неколкудневниот тренд на двоцифрени бројки на лица починати од Ковид-19, јави дописникот на МИА од Приштина.
Според официјалниот извештај на Институтот за јавно здравство на Косово (ИШКПК), во текот на вчерашниот ден починале 13 лица кои претходно биле дијагностификувани со Ковид-19, со што вкупната бројка на жртви на пандемијата се искачи на 249.
Сите починати, според косовските здравствени власти, имале и други потешки здравствени тегоби и страдале од дијабетис, кардиоваскуларни и други хронични болести.
Во соопштението на ИШКПК се наведува и дека, од вчера извршените 468 тестирања (вкупно 37.411 од појавата на заразата), позитивни на новиот коронавирус резултирале 245 лица.
Вкупно, од почетокот на епидемијата, во земјата се регистрирани 8.799 заразени. Како излекувани се водат 4.863 лица, од кои вчера 133. Официјалната бројка на активни носители на новиот вирус во Косово изнесува 3.687.
Ново на Сител
-
Хезболах го обвинува Израел за експлозиите во Либан, расте бројот на загинати
-
Функционерските таблички во различна боја
-
Осум загинати, 2.750 повредени по експлозиите на пејџери низ Либан
-
Османи: Барањата на Вучиќ не треба да се сфатат сериозно, тој не сака Србите да се вратат во косовските институции
-
Петковиќ: Бислими одби трилатерална средба во Брисел
-
Претседателката Сиљановска Давкова ја прими грчката амбасадорка Филипиду
-
Пожар во парламентот во Романија, евакуирани 300 луѓе
-
Грузија донесе закон за семејни вредности и против промоција на хомосексуалните односи