Loading Video...
Балкан
20. November 2018 - 16:38

Косово не успеа да се зачлени во Интерпол

Ниту во третиот обид  Косово не успеа да стане дел  од  меѓународната полициска организација Интерпол.  За неуспехот, Приштина го обвини Белград кој водел како што рече дива кампања. Косовксите власти порачаа  и дека Косово за брзо време ќе биде дел  од Интерпол. 

Откако на Генералното собрание во Дубаи ниту во вториот круг на гласање, Косово не ги  доби потребните дветритини  од гласовите на членките на органзиација, Вучик  изјави дека Србија победи но и  нагласи дека не треба да се понижува приштинската страна.

Тонско - Ова е успех на една мала земја, пркосна и горда, која иднината не смее да ја базира на пркос и инат, туку на рационален пристап и која мора да сака компромис и да ги разбере односите во светот, ниту да ја понижува и унижува приштинската страна, истакна Вучиќ.

За разлика од Косово, Кирибати и Вануату станаа нови членки на Интерпол.