Косово: Над 200 поплаки на изборните резултати
По објавувањето на конечните резултати од вонредните парламентарни избор во Косово, кои се одржаа на 14 февруари, до Изборниот панел за поплаки и претставки (ПЗАП) се поднесени вкупно 208 поплаки од неколку субјекти кои учестуваа на изборите, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во денешното соопштение на ПЗАП се вели дека веќе е започната процедурата на разгледување на жалбите, кои незадоволните од резултатите кои вчера ги објави Централната изборна комисија (ЦИК) истече денеска во 11 часот и 25 минути. Панелот има рок од 72 часа да одлучи по поплаките.
Според конечните резултати од вонредните парламентарни избори кои ги бјави вчера ЦИК, апсолутен победник, со освоени 49,95 отсто од гласовите и 58 пратенички места, е партијата на Албин Курти, Движење самоопределување (ВВ).
Второрангирана, со освоени 16,9 отсто , е Демокртската партија на Косово (ПДК), додека досега владејачките, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) и Алијансата за иднината на Косово (ААК) освоија по 12,64, односно 7,07 отстоод гласовите.
Според овие резултати, ПДК обезбеди 19, ЛДК 15, а ААК осум пратенички места. Десет места во 120-членото Собрание на Косово, според Уставот, се резервирани за претставниците на српската заедница, а исто толку и за оние на помалите етнички заедници.
Ново на Сител
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра