Бизнис
31. July 2018 - 20:56

Косово ја укина повисоката царина и за Македонија штетите допрва ќе се пребројуваат

Косовската влада ја симна  повисоката царина и за макеоднските овошје и зеленлук ,но штетите кои ги предизвика времената мерка допрва ќе се пребројуваат. Надлежните во земјава очекуваат ваквата одлука на Приштина уште утре да стапи на сила , а македонските камиони да почнат редовно  како и претходно да пласираат големи количини на земјоделски производи  на косовскиот пазар. Министерот Бектеши најави дека настанатите штети од двонеделниот застој на извоз на овошје и зеленчук таму во следниот перид ќе се утврдуваат.

Според пресметките пак на дел од бизнсимените штетите од  оваа мерка се движат околу 2 милиони евра.

На 18 месецов Косово донесе одлука земјдоелските производи кои влегуваат во земјата од други држави да се царинат со 30 отсто повисока царина. Поради ова извозот на македонски земјдоелски рпоизводи таму беше преполовен.  Дневно по едне камион ја поминуваше границата а некога и ниеден. На ваквата одлука остро реагираа сите земји членки на Цефта, а европската комисија побара Приштина итно да ја повлече мерката.