Косово и Србија постигнаа договор за намдинување на спорот околу меѓусебното признавање на таблиците
Косово и Србија постигнаа договор за надминување на спорот околу меѓусебното признавање на регистарските таблички. Дводневните интензивни преговори во Брисел со главните преговарачи на Косово и Србија вродија со плод објави на твитер специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина, Мирослав Лајчак.
Според договореното, на 2 октомври специјалната единица на косовоската полиција ќе се повлече од административните премини Јариње и Брњак и ќе се остранат барикадите поставени од косовските Срби, КФОР ќе распореди свои војници на ЈАриње и Брњак пред повлекувањето на специјалците и отстранувањето на барикадите и ќе остане околу две недели за да се обезбеди безбедна слобода на движење.
Во однос на проблемот со регистарските таблички како привремена мерка од 4 октомври ќе се применува режим со налепници, а работна група со претставници на белград, приштина и еу, ќе треба да дојде до трајно решение во наредните 6 месеци.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар