Балкан
29. August 2016 - 12:53

Косово: Фрлена експлозивна направа во домот на генералниот директор на РТК

Во текот на изинатата ноќ експлозивна направа е фрлена во домот на генералниот директор на Косовската радио телевизија (РТК), Ментор Шали, во Приштина, јави ТАСС. 

- Експлозијата беше силна, се случи кога целото семејство беше во куќата. За среќа никој не е повреден, изјави Шали. 

Се претпоставува дека во домот на Шали била фрлена рална бомба. 

Косовската полиција го истражува случајот. 

Ова е втор напад врз РТК во последните неколку дена. 

Претходно во дворот на телевизијата беше фрлена граната.