Балкан
16. August 2015 - 8:57

Косово алицира за членство во Интерпол

Косово аплицирало за полноправно членство во меѓународната организација за криминалистичка полиција Интерпол.

Барањето се очекува да биде разгледано во ноември годинава, на 84-та сесија на Генералното собрание на оваа организација.

Веста дека е поднесено барање за членство во Интерпол за весникот „Тирбуна чанел“ ја потврдил министерот за внатрешни работи Скендер Хисени.

Хисени изјавил дека очекува позитивен одговор иако признал дека Косово најпрво треба да ги исполни стандардите од законска природа.

Интерпол е најголемата меѓународна полициска организација, во која членуваат 190 земји од светот (по бројот на членство, е втора најголема светска организација, после ООН).

Формирана е во 1923 година, со цел да ја олесни меѓународната полициска соработка, како и да им даде поддршка и помош на сите организации, служби и сервиси, чија задача е превенција и борба против меѓународниот криминал.