Балкан
2. November 2015 - 8:35

Косовец и Албанец барани со меѓународна потерница уапсени во Албанија

Албанската полиција во одвоени акции уапси две лица, еден албански и еден косовски државјанин, по кои биле распишани меѓународни потерници, јави дописникот на МИА.

И двајцата се уаспени на преминот Морина на албанско-косовската граница, окако при вообичаена контрола било утврдено дека тие се барани со меѓународна потрница.

Косовскиот државјанин Ибрахим Рама (40) од Витина, е уапсен врз основа на меѓунардна потерница издадена од полицијата на Белгија. Тој се товари за „учество во криминални организции“ и „разбојништво“.

Албанскиот држајанин Кристиан Бибајка (35) бил баран со меѓународна потерница издадена од властите на италијанскиот град Бергамо, каде во отсуство му е изречена мерка притвор. Тој се товари за кривично дело „соучесништво во грабеж“, за што му се заканува заторска казна во траење до 10 години.

Двајцата се задржани во Полицискиот комесаријат во Кукс и деновиве ќе бидат екстрадирани во Белгија, односно Италија.