Loading Video...
Кошарка
9. May 2019 - 17:17
Кошаркарски легенди од Балканот во Скопје повод 80-тиот роденден на Лазар Лечиќ
Денеска на свечена академија повод 80-тиот роденден на легендарниот македонски тренер Лазар Лечиќ, во Скопје присутни огромен број на признати поранешни и актуелни европски имиња од овој спорт
На свеченоста која беше организација на Македонскиот олимписки комитет (МОК), заедно со Македонската кошаркарска федерација, клубовите Работнички и МЗТ Скопје, како и Агенцијата за Млади и Спорт (АМС), легендарниот Лечиќ ги собра кошаркарските легенди од „екс-ју“ на едно место.
Славеникот Лечиќ првата голема благодарност ја изрази кон премиерот Зоран Заев, кој доби топка со потпис на членовите на репрезентацијата на Југославија која во 1970-тата година стана Светски шампион, а која беше предводена од селекторот Жеравица и Лазар Лечиќ кој беше прв тренер.
Меѓу над 350-те присутни во хотелот Алаксандар палас, беа кошаркарски имиња чиј тренер бил Лечиќ, како: Данеу, Плеќаш, Тврдиќ, Шолман, Кичановиќ, Јерков, па и Дино Раѓа и Панајотис Јанакис, но и многу други.
Од тренерските великани, популарниот Лазо со присуството го почестија: Душан Дуда Ивковиќ, Мирко Новосел, Божидар Маљковиќ, Божа Тањевиќ...
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->