Loading Video...
Кошарка
18. July 2021 - 16:11

Кошаркарките против Косово за избегнување на последното

Во СЦ „Кале“ младинската женска кошаркарска репрезентација на Македонија до 20 години вечерва ќе го игра својот последен  натпревар на ФИБА „Челенџер“ турнирот. 
 
По трите убедливи порази во дуелите со Луксембург со 24 поени, Романија 23 поени и синоќешниот од Словачка 31 поен негатива, нашите млади кошаркарки вечерва ќе имаат шанса да стигнат до единствената победа на турнирот. 
 
Тие ќе треба да го поправат впечатокот, во дуелот со наслабособено рангираната селекција на овој турнир, односно нивните врснички од Косово. 
 
Вечерашниот меч на нашите млади кошаркарки против Косово ќе започне од 21 часот, со што ќе биде затворен овој турнир. 
 
А, следни кои кои треба да настапат се нивните врсници, односно машката репрезентација до 20-години, која предводена од селекторот Тони Симиќ од 20 до 25.јули, ќе игра на турнирот во  Сопрон, Унгарија,  против Швајцарија, Романија и Луксембург.