Loading Video...
Кошарка
8. May 2021 - 18:57

Кошаркарките на Баскет Кам го освоија Купот на Македонија

По тригодишна доминација на екипата на Вардар сега кошаркарките на Баскет Кам го освоија трофејот наменет за победничките во купот
 
Имено во СЦ Кале во Скопје вчера и денеска се одржа завршницата на кошаркарскиот Куп на Македонија, кој од годинава го носи името на македонската кошаркарска легенда „Благоја Георгиевски“. 
 
На завршниот турнир на кој настапија четирите најдобри екипи во женска конкуренција до трофејот стигнаа кошаркарските на  Баскет Кам кои во финалето славеа победа над Бадел со 81-65.  
 
За тимот од македонска Каменица ова е прв историски трофеј, додека баделки кои го играа седмото финале во низа, веќе четврта сезона по ред не успеваат да го освојат трофејот наменет за победникот во купот.