Кошарка
21. February 2016 - 17:12

Кошаркарките на Бадел по трет пат триумфираа во Купот на Македонија

 

Кошаркарките на Бадел 1862 по трет пат во низа се победнички во Купот на Македонија. Во финалето на 24-то издание што се одржува во Гевгелија екипата на Бадел убедливо со 88-58 го совлада Лотос.
 
Најефикасна во победничката екипа беше Александра Стојановска со дабл-дабл учинок од 23 поени и 12 скокови, додека Нена Трајчевска која во финалето постигна 21 поен, беше прогласена за МВП.
 
Вечерва од 19:30  се игра машкото финале во кое актуелниот македонски првак МЗТ Скопје А. ќе атакува на 8 трофеј во Куп натпреварувањето и тоа во дуел против Карпош Соколи тим за кој ова е прв финален натпревар.
 
Досегашни седум екипи го освојувале на трофејот во националниот куп во машка конкуренција, а најмногу Работнички кој има 9 трофеи. По него следуваат: МЗТ Скопје (7), Никол Ферт Гостивар (2), Фени Индустри (2), Вардар Осигурување (1), Деликатес Кочани (1) и Амак СП Охрид (1).