Loading Video...
Кошарка
20. August 2021 - 12:43

Кошаркарките ги дознаа противниците во квалификациите за ЕП 2023

Македонската женска кошаркарска репрезентација ги дознаа противниците во квалификациите за ЕП 2023
 
На денешната ждрепката одржана во Минхен, нашата селекција беше извлечена во првата „А“ група од вкупно десетте, а една од осумте групи кои бројат по четири репрезентации. 
 
Македонските кошаркарки за противнички ги добија кошаркарките од Германија против кои играа и во претходните квалификации како и репрезентатциите на Белгија и Босна и Херцеговина. 
 
Пласман на првенството чиј домаќини ќе идат Словенија и Израел, кои исто така ќе учествуваат во квалификациите, ќе обезбедат победниците во групите, како и четирите најдобри кои ќе завршат како второпласирани, евентуално дополнителни две доколку Словенките и Израелките се вбројат меѓу 14-те најдобри.
  
Квалификациите ќе се играат во три така-наречени „прозорци“, а првиот е од 11 до 14 ноември годинава. 
 
 Вториот и третиот „прозорец“ на програмата се од 24 до 27. ноември, 2022 година, односно од 24 до 27 февруари 2023 година.