Loading Video...
Кошарка
28. јуни 2018 - 19:04

Кошаркарите вечерва против Швајцарија

Нашите најдобри кошаркари за неколку минути во Фрибург, Швајцарија го играат последниот меч од претквалификациите за ЕП против домашната селекција. 
Натпреварот е закажан за во 19.30часот а Македонија во овој дуел влегува како фаворит бидејќи е со максимален учинок во групата. Ја совладавме Швајцарија убедливо во Скопје а имаме и две победи против селекцијата на Словачка. 
Во нашиот табор истакнуваат дека Швајцарија е незгоден противник и тоа добро се виде во првото полувреме во Скопје но се посакува нова победа на гостински терен по триумфот во Словачка. 
Во нашиот табор вечерва ќе недостасуваат Маслинко, Николовски и Соколов но затоа тука е новиот Американец Витингтон кој е замена за Хендрикс кој одлично играше во националниот тим. 
Швајцарија има една победа но  ќе треба да одигра покрај со Македонија и со Словачка во гости.