Кошарка
15. September 2017 - 19:07

Кошаркарите на Хрватска имаат нов селектор

Ивица Скелин, првиот помошник на Александар Петровиќ, ќе биде новиот селектор на кошаркарската репрезентација на Хрватска, објави „Спортклуб“.
 
Скелин девет години работел во Белгија и Холандија, а по враќањето во Хрватска стана тренер на КК Сплит, а потоа и прв помошник на селекторот Александар Петровиќ.
 
Според истиот извор, Скелин покрај селекторската би продолжил да ја извршува и тренерската функција во Сплит.
 
Хрватска на 40. Европско првенство, кое ќе заврши в недела, настапот го заврши во осмина-финалето по катастрофалниот пораз од Русија.