Loading Video...
Кошарка
25. November 2021 - 19:02

Кошаркарите го одработеа последниот пред стартот на квалификации за СП

 

Македонските кошаркари ги одработеа и последниот трениг пред премиерниот натпревари во квалификациите за Светското првенство 2023

Откако поради повреди отпаднаа Ѓуроски и Младеновски, а Зекири не се појави на подготовките познат е ростерот со кој Македонија ќе ми се спротивстави на свесткиот првак Шпанија, која е важи за апсолутен фаворит во утрешниот натпревар, за кој нашите репрезентативци ветуваат дека нема да излезат со бело знаме.
 
 
На натпреварот што ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 19 Часот и 30 минути, ќе биде дозволено присуство на публиката, согласно Ковид протоколите, па нашите репрезентативци се надеваат на околу 3000 верни навивачи кои ќе бидат мотив повеќе. 
 
По утрешниот меч со Шпанија, а на 29 ноември, црвено-жолтите ќе гостуваат во Киев кај Украина.  Покрај овие две селекции, во рамките од Г квалификациската група, противник на Македонија ќе биде и репрезентацијата на Грузија.