Кошарка
30. July 2016 - 15:37

Кошарка У-18: Македонија убедливо ја победи Албанија

 

 
 
 Македонската женска кошаркарска репрезентација до 18 години забележа убедлива победа во дуелот против Албанија во рамките од Б дивизијата на Европското првенство што се одржува во, Сараево, Босна и Херцеговина.
 
По четирите  порази во првата фзана на првенството, по групи, избраничките на селекторот Горјан Стојановски, конечно ја остварија првата победа и тоа над Албанија со 79-44 во натпревар за пласман меѓу 17 и 19 место на првенството.
 
Со текот на целиот меч нашите кошаркарки беа подобри од албанските врснички за што говори и резултатот по четвртини: 26:6, 24:16, 13:11 и 16:11.
 
Со по 21 постигнат поен за црвено-жолтите Цветанка Димова и Сања Адамовска беа најефикасните кошаркарки на натпреварот.
 
Утре, на последниот ден на шампионатот, во истиот термин од 12 часот, македонските јуниорки ќе играат против Романија.