Балкан
12. July 2020 - 9:13

Коронавирусот уби двајца браќа, заболен и таткото - трагедија во Чачак

Двајца браќа од Чачак починаа од коронавирус а заболен е и нивниот татко.

С.Ѓ. (26) починал вчера во Белград од коронавирус објави порталот Morava info.

Починатиот е брат на Р.Ѓ. (36) кој починал на 1 јули од коронавирус во болница во Чачак.

Симптоми ги добил минатата сабота, ден откако бил погребот на својот брат. Истиот ден тој бил хоспитализиран во болницата во Чачак, а веќе во неделата бил префрлен на Клиника во Белград.

Според информациите на Morava info, таму имал целосна нега, но за жал тоа не било доволно.

Од КОВИД-19 се разболел и нивниот татко кој е сместен во Општата болница Чачак.