-->
-->
Коронавирусот го одложи почетокот на судењето за Антонио Милошоски
-->
Случајот "Моќник" влезе во судница. Обвинети се 13 лица, Антонио Милошоски, неговиот татко, поранешниот претседател на Комисијата за лустрација, Томе Аџиев, ексградоначалникот на Македонски брод, Милосим Војнески.
Според обвинението, тие сториле кривични дела измама и злоупотреба на службената положба.
Обвинети се дека спровеле незаконска продажба на објект во кој била сместена администрацијата и градоначалникот на општина Пласница. Подоцна, како што се наведува во обвинението, Милошоски побарал од Аџиев и лустрација за судија од Кичевскиот суд.
Стартот на судењето денеска се одложи поради отсуство на обвинети и нивни бранители кои до судот доставиле решенија дека се заразени со коронавирус или пак се во самоизолација.
Зоран Јаневски
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велигденска честитка на на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени
-
Лавров: Украинскиот план вклучува повлекување на нашата војска од освоените територии
-
Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија
-
Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени
-
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел