Балкан
7. April 2020 - 12:07

Коронавирусот го одложи и одбележувањето на Денот на словенечкото знаме

Епидемијата на коронавирусот го одложи и одбележувањето на 7 април – Денот на словенечкото знаме.

Традиционалното празнување кое со години го организира друштвото Хералдика Словеника е откажано, со што поради епидемијата е прекината долгогодишна традиција.

Инаку, на денешен ден во 1848 година, словенечкиот студент Ловро Томан заедно со свои истомисленици, како одговор на поставувањето на германското знаме на тврдина во Љубљана, ја кренал словенечката тробојка на зграда на Волфовата улица во Љубљана.