Балкан
8. February 2020 - 22:09

Коронавирус на Косово: Пациент за кој се сомнева дека е заболен задржан во болница во Приштина

На Универзитетскиот клинички центар на Косово, во Приштина е примен пациент за кој постои сомневање дека е заразен со коронавирус, објавија српските медиуми.

Пациентот од Велика Британија е сместен на Клиниката за инфективни болести и на полноќ се очекува вонредна прес-конфренција за случајот.

Бројот на смртни случаи од новиот коронавирус во светот се искачи на 725, а заразени се околу 35.000 луѓе.