Коронавирус кај 57 морнари во Аргентина, не знаат како се заразиле
Во Аргентина 57 морнари по 35 дена поминати на море се заразени од Ковид-19, иако пред пловидбата биле негативни на тестот.
Рибарскиот брод се вратил во пристаништето откако некои морнари развиле симптоми кои одговараат на Ковид-19, соопшти аргентинското Министерство за здравство.
Според Министерството, 57 од 61 член на екипажот сега се позитивни на коронавирусот.
Сите биле тестирани 14 дена пред пловењето, биле негативни и во карантин во хотел во градот Ушуаја се додека да се качат на бродот.
Само двајца морнари се негативни на вирусот, а резултати се очекуваат за уште двајца членови на екипажот.
Двајца морнари се хоспитализирани.
– Тешко е да се утврди како се заразени бидејќи тие не биле во контакт со никого 35 дена, а со храна биле снабдени од пристаништето Ушуаја, вели епидемиологот Алехандра Алфаро во Тиера дел Фуего.
Стручњаци сега се обидуваат да ја утврдат хронологијата на симптомите со цел да дојдат до хронологијата на заразата.
Директорот на одделот за заразни болести во болницата во Ушуаја, Леандро Балаторе вели дека инкубацијата од 35 дена сè уште не е опишана.
Бројот на заразени со Ковид -19 во Аргентина надмина 100.000, а повеќе од 1.900 лица починаа. Повеќето од заразените се во областа на Буенос Аирес.
Ново на Сител
-
Утре нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто
-
Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња
-
Во Велес до 11 часот излезноста на изборите е 16,34, во Чашка 15,27, во Градско 20,62 проценти
-
Ангеловски: Пронајдена испукана димна бомба на гласачко место во Скопје
-
Излезноста до 11 часот на избирачките места во Кочанско е околу 13 отсто
-
Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд
-
Излезноста до 11 часот е 12.78 отсто