„Корона-забави“ во неколку атински населби и покрај карантинот и полицискиот час
Плоштадите и парковите во неколку атински населби синоќа беа полни со друштва млади лица, кои неорганизирано и спонтано се собраа и покрај карантинот, рестрикциите и полицискиот час, а мнозинството беа без маски и не одржуваа дистанца, јави дописничката на МИА од Атина.
Со „take away“ пијалоци од кафулињата уште во попладневните часови, младите излегоа како во центарот на Атина, така и во други населби, а за многумина „корона-забавата“ продолжи и по 21 часот, односно по почетокот на полицискиот час.
Сликата во конкретните населби воопшто не потсетуваше дека земјата е во карантин и наликуваше на онаа пред пандемијата, без да се почитуваат основните мерки, како што се маска и дистанца.
Во поголемиот број од случаите, не станува збор за претходно најавени и организирани забави.
Единствено во населбата Кипсели, на централниот плоштад, во петокот имаше организирана забава со музика и диџеј, а сликата не беше поразлична и вчера.
„Корона-забави“ имаше и изминатите викенди, но се чини дека како што се затоплува времето, така и овие неформални забави на отворено се зголемуваат.
Кафулињата во Грција се затворени веќе пет и пол месеци, а земјата е во карантин од 7 ноември 2020 година со воведен полициски час од 21 часот.
Од почетокот на пандемијата регистрирани се 313.444 случаи на Ковид-19, а починаа 9.397 лица.
Само во изминатата седмица, од понеделникот до вчера беа потврдени 18.039 заразени и 512 смртни случаи.
Ново на Сител
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“