Македонија
28. January 2020 - 16:31

Корона-вирусот се прошири и во Германија - здравствените власти во земјава на готовс

50сетина кинсеки работници кои ќе се враќаат од новогодишните празници ќе мора да поминат покрај термалната камера на скопскиот аеродром. Според здравствените власти лицата ќе подлежат на неопходната проверка без разлика со кој лет ќе пристигнат . Ќе им поделат и информативни материјали каде да се јават доколку добијат симптоми на смртоносниот корона вирус.

-Имав сдостанок со кинеската амбасада во земјата, колку од 50тината нивн идржавјани кои се трајно или времено ангажирани тука се во Кина и кога треба да се вратат, вели Венко Филипче, министер за здравство.

Филипче уверува дека состојбата е под контрола а нема опасност и од македонската театарска група која била во Пекинг и во земјата се вратиле пред 4 дена. Поминале проверка со термални камери на два аеродроми и досега не појавиле симптоми на заразата. Министерот по вчерашниот пропуст кога без проверка поминаа патниците од Дубаи, вели дека денеска превентивните мерки на аеродромот функционираат.

-Имав средба со претставници од ТАВ, имаме двојна контрола, авиокомпании доколку има патници со симптоми или кои доаѓаат од Кина да не информираат уште пред да слетаат а за оние од Дубаи и  истанбул да бидат ако е можно на еден влез и во близина на камерата, вели Филипче.

Ало докторе и посебен телефон на Институтот за јавно здравје се броевите каде граѓаните доколку се сомневаат на корона вирус ќе може да бараат лекарска помош. Тие ќе бидат составен дел од печатените флаери кои ќе ги добиваат патниците на скопскиот аеродром.

По Франција , прв случај се пријави и Германија од каде информираа дека нивниот граѓанин не бил во Кина туку се заразил на деловен состанок со Кинез. Опасната болест е причина за повеќе од 100 смртни случаи и 5000 заразени. И додека во многу земји има хистерија поради корона вирусот со карантини и контрола на хотели, од Светската здравствена организација се против повлекување на странските државјани од Кина и очекуваат добар епилог од мерктие што ги преземаат кинеските власти.