Македонија
24. January 2020 - 19:10

Корона вирусот пристигна во Европа? - Во Британија сомнителни четворица кинески туристи во Македонија никој не води контрола

Никој не ги контролира странските туристи кои влегуваат во земјава, поради опасност од вирусот корона. Според последните податоци на МВР, во ноември и декември во земава влегде над 1200 кинески туристи. Граѓаните со поделени мислења. Едни се плашат, други не. Но и првите и вторите сметаат дека вирусот брзо може да стигне во Македонија.

Според надлежните, мал е ризикот грипот да се прошири во земјава и на  Балканот.  Во меѓувреме  постои сомнеж дека вирусот се прошири во Европа. Во Шкотска 4 кинески туристи се во болница. Кинеските власти пак, воведоа поригорозни мерки.
 
Забрането е да се патува во провинцијата Хубеи, а во Вухан градат болница, за заболените, која треба,да биде готова за 5дена. Забранет за посетители е и кинескиот ѕид.
 
Иако до сега во Кина починаа 26 лица, граѓаните не се плашат од вирусот.
 
Научниците сметаат дека вирусот се раширил од кинеските пазари каде се продава свежа стока во лоши услови. Од светска здравстена организација апелираат сите земји да се подготват и да превземат мерки. Вирусот се прошири во Јапонија, Тајланд и САД.