Џет-Сет
15. јуни 2016 - 11:34

Користете кондоми, ве советува Чарли Шин откако закачи ХИВ

Јавното признание на Чарли Шин дека има ХИВ дијагноза во голема мерка влијаеше на свеста на луѓето за овој вирус, а сега славниот актер планира да влијае и на грижата за превенција.

Лондонскиот производител на сексуални играчки има нова линија на кондоми, а Чарли Шин е нејзин заштитен знак. Во првата реклама, Шин серозно говори за тоа зошто треба да се користат кондоми.

-И јас мислев исто: дека кондомите се за други луѓе, вели тој и додава дека очигледно неговото избегнувае на презервативите довело до толку сериозни последици.

-Чудна е таа комбинација. Знаете луѓето и натаму сакаат да бидат како јас и да го искусат мојот живот, но потои еден детал во кој не сакаат да учествуваат. Тие можат да го избегнат, но користете го ова, рече Шин.