Користењето деца како бомбаши самоубијци не е приоритет само на ИД
Бомбашот самоубиец кој на курдска свадба во Турција уби над 50 луѓе е припадник на ИД на возраст од 12 години. Екстремистичката група и во други случаи користела деца како смртоносно оружје, но тоа не е само нивна пракса.
Исламска држава
На 25 март 2016 година на стадион јужно од Багдад момче на возраст од 16 години активира експлозиви што ги носел на себе за време на детски фудбалски турнир. Убиени беа 29 луѓе и ранети 60, воглавно деца. Според податоци на Уницеф, илјадници деца се киднапирани досега во Ирак, каде девојчиња се продаваат како сексуални робинки, а момчињата се принудени да станат војници или бомбаши самоубијци.
Боко Харам
Според Уницеф, еден од пет самоубиствени напади на африканската терористичка група во Нигерија, Камерун и Чад веќе е дело на дете. Од Хјуман рајтс воч тврдат дека од 2009 година досега, Боко Харам врбувала стотици, а можно е и илјадници неполнолетни и искористила десетици претежно девојчиња како бомбаши самоубијци.
Ал Каеда
Пред да биде ликвидиран во 2009 година, лидерот на Ал каеда во Ирак, Абу Мусаб ал Заркави користел тинејџери како бомбаши самоубијци во борба со американски сили во Ирак.
Радикални палестински групи
Хамас, Исламски џихад и други милитантни групи организираат летни кампови со цел на деца да им се предадат антиизраелски убедувања. Тие не испраќаат деца во самоубиствени мисии иако пред втората Интифада имаше неколку самоубиствени напади извршени од млади лица на околу 16-годишна возраст. Во изминатите неколку месеци палестински тинејџери вршат напади со ножови врз Израелци. Најмладиот од нив имал 11 години. Се смета дека извршителите дејствуваат сами и не се членови на организации.
Јемен
Во Јемен, една од државите во светот со најдобро вооружено цивилно население, момчињата од рана возраст учат како да ракуваат со оружје. Во сегашниот внатрешен конфликт и владините сили и бунтовниците имаат во своите редови неполнолетни лица.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка