Бизнис
14. December 2015 - 19:58

Корисниците на оранжерии ќе можат да го откупат земјиштето

Може да се купи земјиштето под оранжериите. Владата го промени законот за продажба на земјоделските површини.

Со него се овозможува корисниците на оранжерии да станат сопственици на земјоделското земјиште.

Според надлежните со ова ќе се отворат и нови работни места.

Од утре ќе може да се аплицира за купување на земјата под оранжериите. Цената ќе се утврдува со посебна методологија. Бирото за судски вештачења ќе ја прави процената на вредноста на земјата.

Освен за оранжерии, Законот ќе важи и за откуп на земја на која се наоѓаат помошни објекти или капацитети за примарна обработка на земјоделско производство.