Корисниците на Македонски телеком ќе добијат сметки електронски
Македонски телеком согласно уредбата на Владата за примена на електронски фактури ќе избегне изготвување достава на фактури во хартиена форма и ќе поттикне електронско плаќање од дома.
Од компанијата ги информираат корисниците на мобилни усуги и Magenta 1 пакети, кои немаат активирано е-сметка, дека ќе добијат известување и насоки за преземање на сметката за март преку SMS порака. Оние корисници пак кои имаат активирано e-сметки, ќе продолжат да ги добиваат на истиот начин и во истиот формат и во иднина.
На деловните корисници на мобилни услуги и Magenta 1 Business пакети, како што наведуваат, е-сметката ќе им бидe доставенa само преку електронска пошта.
Kорисниците на фиксни услуги и сите останати корисници на Македонски Телеком кои сѐ уште немаат активирано е-сметка, стои во соопштението, може да го направат тоа брзо и едноставно на следниот линк или преку Telekom MK App.
Посочуваат дека дигиталното плаќање е од заеднички интерес на сите граѓани, од една страна за заштита на животната средина, од друга како превенција на непосреден контакт и зачувување на здравјето на сите во овие вонредни услови.
Ново на Сител
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците