Корисни совети до родителите- како да го зајакнете имунитетот на вашето дете
Пандемијата со коронавирус ги загрижи родителите на мали бебиња. Но, нема причина за паника доколку внимавате и се придржувате кон советите.
Кои се најдобрите совети како да го зајакнете имунитетот на бебето?
Погрижете се да се наспие убаво
Важноста на квалитетниот одмор за оптимален имунолошки систем е голема. Водете грижа вашето бебе да се наспие убаво и тоа да биде во ист временски период секој ден.
Витамин Ц
Витамин Ц го зајакнува имунитетот на децата. Доколку мајките имаат доволно витамин Ц, тогаш ќе има и нивното бебе. Симптомите на недостаток на витамин Ц се умор, слабост во мускулите, болки во мускулите, болки во зглобовите, осип на кожата. Доколку го храните бебето со хормула, погрижете се да внесува 40 милиграми витамин Ц дневно.
Цинк
Цинкот помага во одржување на силен имунолошки систем и зајакнување на имунолошкиот систем на детето. Што се однесува на бебињата, децата на возраст помеѓу седум месеци и три години треба да земаат 3 милиграми цинк дневно, а оваа бројка се зголемува како детето расте.
Одржувајте ги хидрирани
За бебето, консумирањето на млеко е важно за зајакнување на имунитетот, додека за постарите деца е важна водата. Со доволно консумирање на вода во текот на денот вашето бебе ќе има подобар дигестивен систем, подобра циркулација и телесна температура. Водата помага во регулирање на функцијата на бубрезите за да го исчистите телото од токсини.
Доење
Доколку имате настинка или грип, може да го доите вашето бебе бидејќи вирусот не се пренесува преку мајчиното млеко. Тоа содржи антитела и други имунолошки фактори кои го штитат детето од грип.
Здрава исхрана
Исхраната со овошје и зеленчук е добар начин за зајакнување на имунитетот на вашето бебе.
Мијте ги рацете пред да го допрете бебето
Чувајте го вашето бебе подалеку од болни луѓе и погрижете се да не го допира никој пред да ги измие рацете. Дури и доколку ви кажат дека „малку ги гребе грлото“ или дека „поминало најстрашното“, кажете им да дојдат во посета некој друг ден. Може да ги миете рацете на вашето бебе со детски сапун и вода.
Ново на Сител
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина
-
Во март зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија
-
Боки 13 бара повторено судење за „Рекет“ - има докази со кои ќе покаже каде завршиле парите од чантата Луј Витон
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп