„Кориере дела Сера“: Противречности околу судбината на Ѓулнара Каримова
Смртта на 44-годишната ќерка на покојниот узбекистански претседател Ислам Каримов, Ѓулнара Каримова е една од главните теми на странските медиуми, кои наведуваат дека постојат контрадикторни информации околу причините за нејзиното починување.
Според ананимни извори од узбекистанските државни служби, таа била отруена и погребана на почетокот на ноември. Потоа, наводно нејзиниот гроб бил уништен, што остава сомнеж за шпекулации околу причините за нејзината смрт.
Некои медиуми пак, тврдат дека таа не е мртва и дека живее во прогонство во Израел. Според други, таа е во психијатриска установа, а според трети се наоѓа во домашен притвор, наведува италијанскиот весникот „Кориере дела Сера".
Ѓулнара е најстара ќерка на Каримов. Во декември 2013 таа во интервју првпат отворено проговори за внатрешни борби за превласт во семејството Каримови. Тогаш, таа ги обвини нејзините мајка и сестра, за заговор против неа.
Шпекулациите околу нејзината судбина се појавија во септември, кога Ѓулнара не се појави на погребот на нејзиниот татко.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализира својата коалиција
-
Еко акција во Прилеп
-
Штипска фирма доби забрана за работа поради загадување
-
Преглед на вести од светот
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите