Свет
9. August 2015 - 9:50

„Кориере дела Сера“: По 85 години Рим ќе го нема, а Милано ќе биде пристаниште

Во 2100 година Рим ќе биде само спомен и ќе го нема на картата на светот, додека континенталниот италијански град Милано ќе биде пристаниште со излез на море.

Ваквите апокалиптични прогнози, како што објави италијанскиот весник „Кореире дела Сера“, ги дава словачкиот картограф и писател Мартин Варгич, кој е попознат под псевдонимот Џеј Симонс.

Според него, глобалното затоплување и зголемувањето на нивото на морињата ќе ја проемни картата на Италија, бидејќи половина од сегашната територија на земјата ќе се најде под вода.

По 85 години, Рим ќе се наоѓа на дното на Средозмното Море, а под вода ќе бидат и големи делови од областите Ломбардија, Венето и Емилија-Ромања, предвидува Варгич.

Според него, покрај Рим и многу други италијански градови, како Пиза и Венеција, ќе бидат под вода, Милано и Верона, кои сега се во внатрешноста на Италија, ќе бидат пристаништа, додека Виченца и Неапол ќе станат острови.