Свет
9. April 2018 - 12:46

Кордон околу Бакингемска палата, уапсен маж поради сомнително возило

Лондонската полиција уапси едно лице, а околу Багингемската палата е поставен кордон, откако во близина било паркирано едно сомнително возило.

Маж на возраст од 30 години бил приведен под сомнеж дека го нарушувал јавниот ред и мир.

Станува збор за бело комбе, кое е паркирано веднаш наспроти палатата.

- Улицата е затворена за сообраќај и поставени се кордони. Полиција го претресува возилото, изјави портпарол на британската полиција.