Македонија
7. July 2020 - 16:35

Кордалов: Политичарите да научат дека комуникацијата со граѓаните е најважна во битката за гласови

На партиите им недостасува инвентивност во кампањата која ја водат на социјалните мрежи. Профилацијата на кандидатите и изборната програма оди добро, но комуникацијата со граѓани останува предизвик.

И Кордалов како и поголемиот број експерти за односи со јавност вели дека со црна кампања, избори не се добиваат.

Според јавните податоци на Facebook, во моментов фан страната на СДСМ плаќа за 570 различни реклами додека онаа на ВМРО-ДПМНЕ само за една. Лидерот на СДСМ Заев, преку својата официјална фан страна закупил 140 различни реклами, a Мицкоски во овој момент нема закупен рекламен простор на Facebook.