Македонија
26. July 2018 - 16:16

Копнените сили на САД во Европа во август ќе вежбаат на воениот полигон Криволак

Одбрани единици од Копнените сили на САД под раководство на Европската команда на силите на Соединетите држави ќе имаат тренинг на воениот полигон Криволак, во првата поливина од Август.

Првите 42 војници, од вкупно 120те кои ќе бидат дел од овој тренинг простигнуваат утре, на косовско-македонската граница.

Претставниците на американската армија брифираа дека географската положба и големината на Криволак се одлична можност за изведување на предвидениот тренинг, што воедно ќе значи и можност за унапредување на капацитетите и развој на Криволак според НАТО стандардите.

Авијациските единици на САД за прв пат ќе го користат и воениот полигон Криволак, кој од неодамна беше сертифициран од 7-та Команда за обука на копнените сили на САД. На почетокот од август четири пилоти и 25 припадници на копнената и воздушна посада од авијацискиот полк ќе одржат тренинг за воздухопловни оружја со два хеликоптери “Блек Хок”.

Тренингот ќе вклучи и квалификација на војниците на САД за користење на оружје од мал калибар, противтенковско оружје и друго пешадиско оружје.

Ова е важен момент за способноста на Македонија да биде домаќин на воени тренинзи на полигонот, а освен што ќе го набљудува тренингот, АРМ ќе обезбеди и логистичка поддршка, сместување, помош и придружба на патот до и од полигонот.

Ваквата обука треба да го прикаже растечкото партнерство помеѓу Армиите на РМ и Соединетите држави и да ја нагласи зголемената способност на Македонија да придонесува кон НАТО Алијансата.

Воедно, тренингот треба да го потврди капацитетот на АРМ да биде домаќин на поголеми воени вежби во иднина, вклучувајќи ја и вежбата под водство на Македонија – “Одлучен удар”, која треба да се одржи идната година. Во оваа вежба ќе бидат вклучени повеќе од 1000 војници од Копнените сили на САД за Европа, АРМ и други четири земји.