Фудбал
5. January 2017 - 10:43

Копа дел Реј: Реал ја „торпедира“ Севилја

Фудбалерите на Реал Мадрид направија голем чекор кон пласманот во четвртфиналето на Купот на Кралот, откако во првиот осминафинален натпревар ја совладаа Севилја со 3:0.
 
Реал без Кристијано Роналдо, Серхио Рамос, Пепе и Бејл лесно славеше над Севилја со 3:0. Головите играчите на „кралскиот клуб“ ги постигнаа во првото полувреме. Серијата ја отвори Хамес Родригес, потоа гол постигна Варан, а Колумбиецот со својот втор гол го постави конечниот резултат.
 
Севилја имаше можност да извлече поднослив пораз, но чисти шанси во финишот на првиот дел не реализираа Ибора, Кореа и Витоло.
 
Голем чекор кон пласманот меѓу најдобрите осум направи и Реал Сосиедад со триумфот над Виљареал 3:1. Вилијан Хозе го постигна првиот гол, потоа комичната грешка на голманот Адан и дефанзивецот Гаспар во гол ја претвори Карлос Вела, а на 3:0 зголеми Ојрасабал. Конечните 3:1 г постави Тригерос.
 
Нисколигашите Алкоркон и Кордоба одиграа 0:0.
 
Последниот меч од оваа фза ќе го одиграат Атлетик Билбао и Барселона в четврток од 21:15 часот.