Фудбал
28. January 2016 - 19:36

Копа дел реј: Полуфинале за Барселона и Селта

 Фудбалерите на Селта Виго и на Барселона обезбедија учество во полуфиналите на „Копа дел Реј“ по победите над своите ривали синоќа во реваншите од четвртфиналната фаза.

Селта го изненади Атлетико Мадрид на негов терен и победи со 3:2, и по нерешените 0:0 од првиот дуел избори полуфинале.

На вториот синоќешен дуел, Барселона на свој терен со пресврт славеше победа над Атлетик со 3:1, откако гостите на полувреме водеа со 1:0. Каталонскиот тим во полуфиналето оди со две победи, бидејќи во Билбао беше 2:1.

Другите два полуфиналисти ќе се знаат по вечерашните реванши:

Лас Палмас – Валенсија (1:1 прв натпревар) и Мирандес – Севиља (0:2).