Loading Video...
Фудбал
25. јуни 2019 - 14:16

Копа Америка: Познати двојките за четвртфиналето

Со одигрувањето на натпреварите од посиленото 3.коло во Ц групата, комплетирана е групната фаза на Јужноамериканскиот фудбалски шампионат, со што познати се и двојките за четвртфиналната рунда. 
 
Уругвај кој со голот на Кавани го победи бранителот на трофејот Чиле, го освои првото место во групата, а со тоа за противник во четвртфиналето го доби Перу. 
 
Во останатите четвртфинални дуели ќе играат, домаќинот Бразил и Парагвај, Аргентина која за противник ќе ја има Венецуела и шампионот Чиле кој ќе се сретне со Колумбија единствената селекција која имаше максимални три победи досега на првенството