Фудбал
17. јуни 2016 - 9:46

Копа Америка: Полуфинале за САД

Фудбалерите на САД се пласираа во полуфиналето од Копа Америка, откако ноќта кон петокот во четвртфиналниот меч во Сиетл го совладаа Еквадор со 2-1, а јунак на мечот беше 33-годишниот Клинт Демпси.
 
Американците поведоа со голот во 22 минута со голот на Демпси, а истиот играч беше најзаслужен и за водството од 2-0 во 66 минута. По неговиот удар одбиената топка во мрежата ја спроведе 24-гоидипниот крилен напаѓач на ЛА Галакси, Гизи Зардес.
 
Еквадор до крајот на мечот успеа само да го ублажи поразот со погодокот на 
Мајкл Аројо во 74 минута,
 
САД во полуфиналето ќе игра против победникот меѓу Аргентина и Венецуела.